Како да ги спречите несаканите пораки и повици на Вибер?

Фото: Flickr/<a href="https://yuri.samoilov.online/"Yuri Samoilov

Вибер објави предлог функции кои би можеле на корисниците да им помогнат да ги спречат несаканите повици и пораки. Како што наведуваат во соопштението, корисниците треба да ги скријат статусите за „видено“ и „онлајн“ од делот за приватност во поставките на апликацијата.

Предлогот на Вибер и е корисниците својата фотографија да не ја изложуваат на тие кои не им се во контактите, прецизирајќи дека таа опција може исто така да се најде во делот за приватност во поставките на апликацијата.

Вибер исто така им предложува на корисниците да ги подесат и повиците за приклучување во групни прпеписки да бидат преместено во фолдерот за барања за размена на повици.

„Корисникот така ќе треба да го прифати барањето, по што целата преписка ќе се премести во делот каде што се сите останати преписки. Оваа функција е овозможена како почетен стандард на Вибер“ се вели во соопштението на компанијата.

Помеѓу предлозите има и подесувања за блокирање, односно телефонските броеви кои ви се блокирани на телефонот, да бидат блокирани и на Вибер, за да не може да ви испраќаат пораки или да ве повикуваат.

За крај, Вибер им сугерира на корисниците да ја вклучат опцијата за идентификување на повикувачот, за да може да идентификувате несакани повици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни