Како да престанете да се чувствувате тажно за 60 секунди: Едно најобично движења е како ваш личен терапевт (ВИДЕО)

Интензивните емоции, како што е тагата, можат целосно да нè преплават и да го нарушат нашето секојдневно функционирање. Наместо да чекате да помине, постои брз и лесен начин да го промените начинот на кој се чувствувате веднаш – за само 60 секунди.

Не ги менувајте околностите, туку – мозокот

Не мора да се преправате дека сте среќни, да чекате надворешни промени или да форсирате позитивни мисли. Клучот е да го репрограмирате алгоритмот на мозокот за да го засили она на што се фокусирате. Ако го започнете денот со стрес – тој само се множи. Ако се фокусирате на проблемите – тие се шират.

Трик – телото не знае да лаже

Лајф тренерката Јована Прибиќ објаснува едноставен трик што го користи принципот на вистината за телото:

-Кренете ги рацете кон небото
-Погледнете нагоре
-Дишете длабоко

Обидете се да кажете „Тажна сум“ во таа положба – телото не го прифаќа тоа затоа што не се совпаѓа со пораката што му ја испраќате. Исто како што не можете да ја држите главата спуштена и да гледате кон земјата и да викате: „Среќен сум!“ – телото знае дека ова не е вистина.

Зошто функционира?

Телото испраќа импулс до мозокот пред да „измисли приказна“. Ова директно ја менува вашата емоционална состојба, а невронауката ја потврдува ефикасноста на овој метод.

Следниот пат кога ќе се чувствувате тажно или под стрес – кренете ги рацете, погледнете кон небото и дишете. Промената ќе ве изненади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни