Како да ги отерате змиите од дворот? Еве што сигурно ги одбива

Иако змиите се важни природни предатори – тие ја контролираат популацијата на глувци и други штетници – нивното присуство во дворот никогаш не е пријатно. Особено ако чувате живина или домашни животни, појавата на змија може да предизвика сериозна вознемиреност. Затоа, еве неколку практични совети како да ги одвратите змиите од вашето домаќинство.

Прво, отстранете ги нивните скривалишта. Змиите претпочитаат темни, влажни и ладни места, како што се купишта дрва, стари даски, густи грмушки или несредена ниска живица. Истиот простор го привлекува и нивниот плен – глувците. За да го намалите ризикот од нивно населување, редовно косете ја тревата, скратете ја живата ограда, особено онаа која расте ниско до земја, и складирајте го огревното дрво и камењата на суво и подалеку од куќата и градината. Храната за миленици секогаш чувајте ја во добро затворени контејнери.

Можете да се обидете и со природни репеленти. Некои истражувања покажуваат дека змиите не ја поднесуваат содата бикарбона. Затоа, во мали купчиња распоредете сода низ градината и дворот. Ова е едноставен, евтин и природен начин за одбрана.

Конечно, имајте на ум дека природни непријатели на змиите се кучињата и мoрките. Кучињата реагираат силно кога почувствуваат присуство на змија, а мoрките не само што се огласуваат кога змија е во близина, туку и според народното верување, каде што има мoркa – таму нема змија. Тие се корисни и во борбата против глувци и други штетници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни