Како да ги одржите орхидеите во домот здрави?

Откријте практични совети за орхидеи кои ќе цветаат подолго. Научете кога и како да ги полевате, исхранувате и пресадувате за максимална убавина.


Орхидеите се едни од најубавите и најелегантни домашни растенија, но многумина ги сметаат за тешки за одржување. Клучот е во правилното полевање, еднаш неделно е доволно, а водата не смее да остане застојана во саксијата, бидејќи тоа може да ги изгние корените. Исто така, избирајте вода на собна температура, а не ладна или врела, за да не ги оштетите растението.

Хранете ги орхидеите со течни ѓубрива за орхидеи на секои две недели за време на периодот на раст и цветење. Доколку сакате долготрајно цветање, обрнете внимание на светлината поставете ги кај прозорец со индиректна сончева светлина, бидејќи премногу директно сонце може да ги изгори лисјата.

Не заборавајте и на пресадувањето. Орхидеите треба да се пресадуваат на секои две години или кога корените почнуваат да ја преполнуваат саксијата. Користете специјална мешавина за орхидеи, која дозволува добар проток на воздух и одводнување на водата. Со овие совети, вашите орхидеи ќе останат здрави и со бујни цветови подолго време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни