Како да ги намалите сметките за електрична енергија?

Зимата е на прагот, а со тоа и повисоките сметки за електрична енергија. Поголемиот дел од граѓаните кога сакаат да заштедат на смеките за струја се ослонуваат на евтината тарифа, но електричарите споделуваат уште некоклу трикови за намалување на смеките.
Фото: Freepik

Намалувањето на сметката за струја е „ѓаволска работа“ и во лето и во зима. Во лето се троши повеќе поради користењето на клима уредите, а во зима доколку користите електрична енергија за греење.

Не постои магично решение за радикално намалување на сметките за струја, но сепак паметните инвестиции во бела техника со адекватно ниво на потрошувачка може да помогне.

Најпаметно е да се инвестира во уреди со А енергетска гласа, кои припаѓаат на групата најмали потрошувачи. Фрижидерите со ознака А трошат и до 80 отсто помалку електрична енергија од пониските рангови.

Покрај фрижидерот и шпоретот е еден од најголемите потрошувачи, особено во домаќинствата со повеќе членови. Но и при изборот на шпорет важи истиот совет, бирајте уреди со од А класа.

Ваквиот совет важи за сите уреди кои ги имате во домовите.

Во врска со бојлерите за топла вода, експертите препорачуваат тие да бидат подесени на температура од околу 50 степени или на 2 или 3 од термостат кој има 5 или 6 опции. На тој начин, не само што ќе заштедите на електрична енергија, туку и ќе го продолжите работниот век на грејачот.

За да заштедите електрична енергија во домаќинството, важно е да се обрне внимание на употребата на одредени уреди и да се применат неколку практични мерки:

Осветлување:

  • Користете ЛЕД светилки наместо традиционалните светилки бидејќи тие трошат до 80 проценти помалку енергија.
  • Исклучете го светлото кога ќе излезете од собата.
  • Користете природна светлина во текот на денот колку што е можно повеќе.

Греење и ладење:

  • Поставете го термостатот на оптимална температура (околу 20°C во зима и 25°C во лето).
  • Изолирајте ги прозорците и вратите за да ја намалите загубата на топлина Редовно одржувајте ги климатизерите и греалките за да работат поефикасно.

Кујна:

  • Користете капаци на тенџерињата додека готвите за побрзо да зовриете вода.
  • Исклучете ја рерната или шпоретот неколку минути пред крајот на готвењето бидејќи ќе ја задржи топлината.
  • Одмрзнете ја замрзнатата храна во фрижидер, што ќе му помогне на фрижидерот да користи помалку енергија.

Електронски уреди:

  • Исклучете ги уредите кога не ги користите, бидејќи дури и во режим на подготвеност трошат електрична енергија.
  • Користете продолжни кабли со прекинувачи за да го олесните исклучувањето на повеќе уреди одеднаш.
  • Кога купувате нови апарати, изберете ги оние со енергетски рејтинг од B или повисоко.

Машина за перење и сушење:

  • Перете ги алиштата на пониски температури (30°C или 40°C).
  • Машината за перење со полн капацитет троши помалку енергија по килограм алишта.
  • Ако е можно, исушете ги алиштата природно наместо во машината за сушење.

Фрижидер и замрзнувач:

  • Чувајте го фрижидерот на температура помеѓу 3°C и 5°C и замрзнувачот на -18°C.
  • Редовно чистете го задниот дел на фрижидерот од прашина.
  • Не отворајте ја често вратата на фрижидерот и држете ја отворена што е можно помалку време.

Примената на овие мерки може значително да ја намали потрошувачката на електрична енергија и да ги намали сметките за електрична енергија.

Најново

Последни колумни