Како британската влада пред 31 година се обиде да го забрани рејвот?

Во 90тите години од минатиот век, рејвот во Британија станал движење, но тоа не ѝ се допаѓало на тогашната влада

Во 90тите години од минатиот век, рејвот во Британија не бил само забава, туку станал движење.

Луѓето се собирале по магацини, полиња, паркинзи, ловејќи ја слободата, но и битовите. Без телефони, без вознемирувања – само илјадници луѓе кои играат до изгрејсонце.

Но тоа не ѝ се допаѓало на тогашната влада, па во 1994 година носи Закон за кривична правда и јавен ред кој содржи серија одредби насочени кон зголемување на полициските овластувања, ограничување на протестите и, најконтроверзно — забрана на нелегалните рејвови.

Овој закон експлицитно се однесувал на собири каде што се слуша музика со „репетитивни ритми“ — фраза што стана симбол на државната репресија врз андерграунд електронска култура.

Согласно законот, полициските сили добиле овластување да прекинат собири од 100 луѓе или повеќе, ако тие слушаат ваков вид музика без дозвола и можеле да ја конфискуваат опремата, возилата и да приведуваат луѓе кои одбиваат да се разотидат.

Пред да биде донесен Законот тогашната сцена возвратила масовно, јавно и гласно со настапи на Диџеји пред британскиот парламент.

Законот на крај бил донесен, но тоа не го спречило рејв движењето. Рејв културата давала слобода, давала простор каде класните, социјалните и другите разлики не биле битни.

Законот имал за цел да ја згасне енергијата, но таа продолжила да се развива уште посилно. Сцената продолжи да еволиура, а битовите никогаш не престанаа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни