Босилекот (Ocimum basilicum) своите корисни својства ги должи на неговото етерично масло, кое иако е присутно многу малку во растението, дава многу интензивен, пријатен, препознатлив мирис. Оваа ароматична билка го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето и помага во намалување на надуеноста. Иако само по себе не е чудотворно решение за слабеење, може да придонесе за поздрав начин на живот и постигнување подобри резултати.
Забелешка: Пред да користите било која билка за терапевтски цели, задолжително консултирајте се со вашиот избран лекар. Како босилекот помага при слабеење?
Некои истражувања сугерираат дека босилекот може да има позитивен ефект врз телесната тежина и индексот на телесна маса (БМИ). Еве неколку клучни начини на кои може да помогне:
Го забрзува метаболизмот – босилекот може да му помогне на телото побрзо да согорува калории и поефикасно да ја обработува храната, што придонесува за процесот на слабеење.
Го намалува стресот – Високото ниво на стрес доведува до зголемување на кортизолот, хормон кој промовира складирање на маснотии, особено во пределот на стомакот. Босилекот делува како адаптоген, што значи дека му помага на телото да се справи со стресот и го намалува нивото на кортизол.
Го регулира нивото на шеќер во крвта – Одржувањето стабилно ниво на шеќер во крвта може да спречи ненадејни гладни и прејадување, што придонесува за контрола на тежината.
Го подобрува варењето – Лошото варење придонесува и за дебелината. Босилекот помага во разградувањето на мастите и јаглехидратите, а со тоа ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи и го намалува ризикот од вишок килограми.
Го потиснува апетитот – Оваа билка може да го регулира хормонот на гладот (грелин), што значи дека помага во намалување на апетитот и контрола на внесот на калории.
Како да се користи босилек за губење на тежината?
Освен што служи како зачин за приготвување јадења, босилекот можете да го користите на многу начини, а еве неколку од најефикасните:

Чај од босилек
Сварете 1-2 чаши вода. Додадете 8 до 10 листови свеж босилек или една лажичка суви лисја. Оставете го да отстои 10 минути. Процедете го чајот и пијте го еднаш или два пати на ден, по можност наутро на празен стомак или пред јадење.
Ароматична вода
Додадете 5 до 7 листови свеж босилек и неколку парчиња лимон во чаша вода на собна температура. Пијте наутро на празен стомак за најдобри резултати.

Босилек во прав
Листовите босилек исушете ги и сомелете ги во прав или сомелете ги веќе исушените листови. Додадете половина лажичка од прав во топла вода, мед или лимонада. Можете да го додадете и во смути, салати или супи.
Капсули од босилек
Босилекот може да се зема и во форма на капсули, а за нивна подготовка најчесто се користи светиот босилек (Ocimum tenuiflorum). Вообичаената доза е 1-2 капсули (500-1000 mg) дневно, но најдобро е да се консултирате со лекар пред употреба.
Семиња во салати
Потопете една лажица семки од босилек во вода 10-15 минути. Додадете ги во зелените салати, заедно со доматите, краставиците и авокадото. Посипете со маслиново масло и сок од лимон за дополнителен вкус.
Можни несакани ефекти
Иако босилекот е генерално безбеден, претерувањето со него може да предизвика дигестивни проблеми (надуеност, гасови, непријатност во стомакот), пад на крвниот притисок, што може да биде проблематично за луѓето со веќе низок крвен притисок и да влијае на нивото на хормоните, што може да биде незгодно за луѓето со хормонални нарушувања.