Блејк Лајвли преку ноќ од омилена холивудска актерка стана најомразена личност на интернетот, поради едно нејзино старо интервју кое стана вирално.
Интервју од 2016 година, норвешната новинарка Кјерсти Фла на својот Јутјуб канал го објави како „Интервју со Блејк Лајвли поради кое сакав да дадам отказ“. Видеото собра повеќе милиони гледаност на Јутјуб, а исечоци од истото ги преплавија социјалните мрежи.
Во видеото долго четири минути, Фла седи со Блејк и Паркер Поузи на промоцијата на филмот на Вуди Ален „Café Society“, а на почетокот на интервјуто Фла ѝ честита на Лајвли за бременоста.
„Честитки за стомачето“ ѝ вели, на што Блејк ѝ одговара „Ти честитам и јас тебе“, иако Фла не била видливо трудна.
Фла потоа во интервјуто се осврнува на костимографијата во филмот, а Блејк ја прекинува.
„Сите сакаат да разговараат за облеката, но дали ги прашувате и машките за облеката?“ вели актерката, на што новинарката ѝ кажува дека за истите работи ќе ги прашува и мажите, но Блејк тоа го игнорира и продолжува да разговара со нејзината колешка од филмот, необрнувајќи внимание на новинарката.
„Да седам со Блејк Лајвли и Паркер Поузи е најнеудобрното интервју кое некогаш сум го доживеала“ напиша новинарката во описот на видеото.
Во коментарите под видеото, гледачите ѝ даваат поддршка на новинарката и ја критикуваат актерката и пишуваат дека Блејк треба да биде „откажана“ поради ваквото непочитување и однесување.
Актерката се уште не реаиграла за интервјуто, но во коментари на нејзините социјални мрежи многу луѓе ѝ коментираат за тоа.