Како би изгледала Мона Лиза доколку е насликана од друг познат уметник?

Што би се сменило кај Мона Лиза доколку ја насликал Пабло Пикасо или пак Фрида Кало?

Мона Лиза е познато ремек-дело на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи. Изработена е со масло на плоча од дрво од топола. Претставува портрет на младата дама од Фиренца, Лиза дел Џокондо.

Денеска портретот на Мона Лиза е изложен во музејот Лувр во Париз, а на Инстаграм страната на Thenonmuseum се појави видео на кое се гледа како Мона Лиза би била претставена доколку ја насликале други познати уметници.

За изработка на видеото е користена вештачка интелигенција, која се обидува да замисли како Мона Лиза би ја насликале другите уметници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни