Како астрономите планираат да откријат траги од живот во атмосферите на далечни планети

Астрономите користат напредни телескопи и анализа на атмосфери на егзопланети за да бараат биолошки траги и можни знаци на вонземски живот надвор од Сончевиот систем.
Фото: НАСА

Живееме во возбудливо време и одговорот на едно од најстариите човечки прашања дали животот постои надвор од Земјата, може да биде поблизу од кога било. Во последните 30 години откривме илјадници егзопланети, планети што орбитираат околу други ѕвезди, а науката почнува да ги истражува нивните атмосфери за можни биолошки траги.

Научниците користат спектроскопија за да ја анализираат светлината што поминува низ атмосферата на егзопланетите. Секоја молекула создава уникатен „бар-код“, кој може да покаже присуство на вода, метан, кислород или други молекули поврзани со живот.

Се откриени молекули како метан, вода и CO₂ во атмосферата на планети поголеми од Земјата, а за K2-18b е пријавено можно присуство на dimetil sulfid — молекул што на Земјата го создава фитопланктонот во океаните. Овие наоди се уште се предмет на дискусии и потврди од други истражувачи.

Идни мисии како НАСА HWO, Ariel на ЕКА и Nancy Grace Roman Telescope ќе овозможат директна студија на атмосферата и површината на планети слични на Земјата, со што ќе се добијат уште повеќе информации за потенцијалната населивост и присуство на живот.

Според професорката Карол Хасфел, со овие мисии сме поблиску до откривањето дали Земјата е единственото место со живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни