На Меѓународниот архитектонски конкурс завршен на 17-ти декември, за новата зграда на Музејот на Никола Тесла, избран е победничкиот труд и најдоброто решение го понудиле познатото лондонско архитектонско биро Zaha Hadid Architects, во соработка со белградското Bureau Cube Partners.
Новото седиште на овој музеј ќе биде зградата на некогашната фабрика за хартија, а потоа и седиште на „Југошпед“, изградена на почетокот на минатиот век. Со тоа, овој познат музеј од постоечките 250 метри квадратни, ќе се прошири на површина од 6000 метри квадратни.
Музејот на познатиот научник се повеќе го привлекува интересот на посетителите, па така во 2024 година заблежана е рекордна посетеност во историјата на неговото постоење.
На конкурсот кој траел од 14-ти октомври до 17-ти декември 2024 година, за ново архитектонско решение за некогашната фабрика за хартија, стигнале вкупно 46 пријави.
Втората награда ја добил архитектонскиот тим во состав: Зоран Шобиќ, Марко Филиповиќ и Срѓан Стојановиќ, додека третонаграден е тимот од следните автори: William Poole, Jim Richards, Benjamin Walker, Иван Јовановиќ, Саша Поповиќ и Милутин Фолиќ.
Специјално признание на конкурсот добиле: Szczepan Wronski, Andrzej Bulanda, Ewekina Szelag, Pawel Wolanin, Malgorzata Bonowicz, Mateusz Sokolowski, Krystian Tomczyk, Jakub Hlebowicz и Lukasz Rakowski.
Овој проект, избран преку анонимен архитектонски натпревар, е осмислен како oддавање чест на Никола Тесла, еден од најголемите светски визионери и иноватори, чии што изуми ги обликуваа темелите на современата електротехника. Реновирањето ќе ги зачува историските карактеристики на зградата, како што се оригиналните фасади, сводовите и зидната структура, додека просторот ќе се прилагоди на својата нова улога.
Инспирација за дизајнот
Архитектонското решение е инспирирано од револуционерните истражувања на Тесла за магнетските полиња и безжичното пренесување на енергија, според описот на проектот на страницата на Zaha Hadid Architects. Дизајнот се одликува со динамични елиптични форми кои се шират од центарот, околу старото чадорче – симбол на ова историско место. Овие флуидни форми ја претставуваат Теслиновата визија за поврзаност и енергија, истовремено зачувувајќи ја индустриската наследство на зградата.
Музеј и околина
Внатре во музејот се планира да се сместат кафе-бар, мултифункционална сала и ресторан на покривот со поглед на реката Сава. Пред музејот, Плоштадот на Никола Тесла ќе биде обликуван како јавен простор со виткани патеки и градини инспирирани од електромагнетските полиња, што дополнително ќе ја нагласи иновативната заоставштина на Тесла.
Нова интерпретација на просторот
Новата интерпретација на овој простор создава баланс помеѓу зачувувањето на историскиот идентитет и создавањето на современ и иновативен музеј. Музејот на Никола Тесла е замислен како културен и образовен центар кој ќе ги поврзува минатото, науката и технологијата, збогатувајќи го културниот пејзаж на Белград.