Какаото – растението на среќата и позитивната енергија

Какаото е неверојатна билка, вистинска бомба со многу антиоксиданти, содржи повеќе антиоксиданти од црното вино, боровинките, акаи бобинките, шипинките и гоџи бобинките заедно. Секако зборуваме за вистинското какао во прав, а не за засладените индустриски напивки и зрнца на база на какао.

Какаото има позитивни влијанија на човечкиот организам:

  • Ги регулира нивоата на шеќер и холестерол;
  • Поттикнува подобра меморија и ја подобрува концентрацијата;
  • Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар;
  • Го забавува процесот на стареење;
  • Ја омекнува кожата;
  • Тој е моќен афродизијак и антиоксиданс.

Поради својот состав, какаото ја спречува оксидацијата на клетките и со тоа штити од рак и од други дегенеративни болести. Содржи состојка слична на кофеинот, па многумина веруваат дека тоа е една од причините поради која некои луѓе стануваат зависни од чоколадо. За разлика од кафето, кое често влијае врз покачување на крвниот притисок, какаото ги штити срцето и крвните садови и ја намалува опасноста од срцев или мозочен удар, а поволно делува и на концентрацијата, помнењето и ја намалува депресијата. Се советува дневно да земате по една лажица какао во прав.

Она што можеби не го знаете е дека може да се купи и какао-путер, паста или ликвор (личи на густо полустопено чоколадо). Сите производи се добиваат од семките што се наоѓаат во голем плод од чија пулпа во Јужна Америка се прават и сокови. Какао-путерот со вкусот потсетува на чоколадо, но е слаткаст, па најмногу се користи во рецепти за слатки, а може како и какаото да се додаде во млеко, овошје, житарки и во овошни салати. Поборниците за сурова храна сами прават свое чоколадо со мешање (топење на ниска температура) на какао прав, путер и некој засладувач како агаве сируп. Ако приготвувате какао пијалак, не го засладувајте, туку уживајте во чистиот вкус на горчливо чоколадо. Одлична идеја е да додадете и малку цимет, бидејќи има слаткаст вкус и добро е да се внесува по една мала лажичка дневно.

Истражувачите велат дека е исклучително ефикасен во зачувувањето на здрава кожа. Редовното консумирање на какао ја зголемува отпорноста на кожата на штетно ултравиолетово зрачење, со што се одложува појавата на иритација и црвенило, брчки и пигментација.

извор: Agrotim.mk

Најново

Последни колумни