Розовиот пикник појадок е настан кој традиционално се организира за да се подигне свеста за карцином на дојка.
На настанот кој е организиран во партнерство помеѓу ХЕМАОНКО – HEMAONKO и Medicus Help ќе имате можност да слушнете и видите вистински приказни од жени кои поминале низ оваа борба. Тие ќе ги споделат своите искуства, предизвици и победи – за да инспирираат, охрабрат и потсетат дека никој не треба да се бори сам.

Организаторите потенцираат дека „Секоја приказна е различна, секоја борба е лична, но поддршката е заедничка“, затоа ги покануваат сите на настанот кој започнува во 10 часот и 30 минути, во Градскиот Парк – Скопје кај Школката.
Од таму информираат дека и за најмалите-децата, има подготвено забавно и интерактивно катче каде ќе можат да си играат и да вежбаат со реквизити кои помагаат за правилен раст и развој.
„Додека големите разменуваат искуства и љубов, децата ќе имаат свој простор за смеење, играње и забава! Понесете ги вашите најмали за поддршката да биде целосна. Силни сме! Кога сме заедно“, посочуваат од ХЕМАОНКО – HEMAONKO и Medicus Help