Кафуле во Токио воведе забрана за влез за постари лица

Локалот дозволува влез само за гости до 39 години со цел да ја зачува атмосферата за помладата публика

Иако долните возрасни ограничувања се вообичаени за локали во кои се служи алкохол, воведувањето горна старосна граница е навистина ретко. Токму затоа едно кафуле во Токио привлече огромно внимание откако воведе таканаречена „мека забрана“ за повозрасни гости.

Пред влезот на локалот е поставена табла на која стои дека влезот е наменет за лица на возраст од 29 до 39 години, со објаснување дека просторот е наменет за генерации помлади од 40 години. Сепак, постојат одредени исклучоци, на гости постари од 40 години им е дозволен влез доколку се во друштво со барем едно лице кое има 39 или помалку години.

Ограничувањето не важи за пријатели и членови на семејствата на вработените, како и за деловни партнери на кафулето. Бидејќи мерката нема правна основа, лицата над 40 години сепак можат да побараат влез, а персоналот проценува дали тие ќе се вклопат во атмосферата. Не е прецизирано дали тоа се однесува на начинот на облекување или на однесувањето поврзано со консумирање алкохол.

Од менаџментот велат дека одлуката била донесена со цел да се зачува амбиентот кој им одговара на помладите посетители. Според нив, повозрасните гости често се жалеле на бучавата, што довело до воведување на ова правило за сите посетители да се чувствуваат пријатно.

Слична практика веќе постои и во Јужна Кореја. Во студентската населба Хонгде во Сеул, голем број клубови и пабови неофицијално поставуваат горна возрасна граница, која најчесто се движи меѓу 25 и 30 години. Покрај тоа, некои спортски центри и кафулиња вовеле таканаречени „зони без постари лица“, образложувајќи дека сакаат да ја задржат специфичната атмосфера на своите простори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни