Научници открија колку кафе дневно го намалува ризикот од деменција

Ново истражување открива дека умереното консумирање кафе, две до три шолји дневно, може да го намали ризикот од деменција и да го зачува паметењето.

Ново обемно истражување покажува дека умереното консумирање кафе може да има позитивно влијание врз здравјето на мозокот. Според анализата, две до три шолји кафе дневно се поврзуваат со подобро зачувување на меморијата и помал ризик од развој на деменција.

Истражувањето опфатило повеќе од 130.000 здравствени работници, чии навики за консумирање кафе и чај биле следени во долг временски период. Резултатите покажале дека лицата кои редовно пиеле кафе имале за 18 проценти помал ризик од деменција во споредба со оние што ретко го консумирале овој напиток. Кај љубителите на чајот, ризикот бил намален за 16 проценти.

Научниците сметаат дека кофеинот игра клучна улога, бидејќи помага во намалување на воспалителните процеси во мозокот и го забавува натрупувањето на амилоид бета протеините, кои се поврзуваат со појавата на деменција. Интересно е што ваков заштитен ефект не бил забележан кај безкофеинските напитоци, што дополнително укажува дека токму кофеинот е главниот фактор.

Учесниците биле следени во просек 43 години, а во тој период деменција била дијагностицирана кај 11.033 лица. Според истражувачите, позитивниот ефект од умерената консумација на кофеин бил присутен без оглед на генетската предиспозиција.

Сепак, експертите предупредуваат дека резултатите треба да се толкуваат внимателно. Иако податоците се охрабрувачки, станува збор за релативно мало намалување на ризикот, а здравите животни навики, балансираната исхрана и физичката активност остануваат клучни фактори за зачувување на когнитивното здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни