Кадиров итно хоспитализиран во Москва

Чеченскиот лидер и сојузник на Кремљ, Рамзан Кадиров, бил итно хоспитализиран во Москва ноќта меѓу 24 и 25 декември по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба. Кадиров пристигнал во руската престолнина за да присуствува на состанокот на Државниот совет со кој претседавал Владимир Путин, но не се појавил, објави „Украинска правда“ , повикувајќи се на извори од порталот „Новаја газета Европа“.

Според изворите, Кадиров бил префрлен со амбулантно возило во Централната клиничка болница на претседателската администрација на Руската Федерација, а состанокот на Државниот совет се одржал без претставник на Чеченија. „Едвај успеале да го реанимираат во Москва, по што се вратил дома и оттогаш не се појавил во јавноста“, тврди изворот.

Ова не е прв пат оваа година да се пријават здравствени проблеми на чеченскиот лидер. Претходно во 2025 година, тој беше хоспитализиран во приватна клиника во Грозни, а неговата состојба наводно продолжи да се влошува оттогаш.

Самиот Кадиров претходно изјави дека доживува „нервни сломови“ и „постојано чувство на напнатост“, што го припишува на загриженоста за учеството на чеченските борци во војната против Украина.

Истрагата на порталот „Новаја Газета Европа“ претходно покажа значително влошување на здравјето на Рамзан Кадиров, што, како што велат, го започнало процесот на промена на власта во Чеченија. Да потсетиме дека Кадиров уште во мај изјави дека побарал да биде разрешен од должноста

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни