Каде во Европа најмногу се користи вештачка интелигенција?

Ново истражување покажува дека Ирска, Франција и Шпанија се европските лидери во користење на вештачка интелигенција, додека Романија и Грција заостануваат.

Европјаните сè повеќе ја прифаќаат вештачката интелигенција (АИ), но новите податоци покажуваат дека интересот значително варира од земја до земја.

Од лансирањето на ChatGPT во 2022 година, повеќе од 1,2 милијарди луѓе ширум светот користеле АИ алатки, стои во извештајот на Microsoft. Усвојувањето на АИ расте побрзо од интернетот, персоналните компјутери и смартфоните.

Според извештајот, ЕУ е меѓу глобалните лидери во примената на АИ, особено нејзините најбогати членки. Ирска е на првото место, со 41,7% од населението кое редовно користи АИ во секојдневието или на работа.

Потоа следуваат Франција – 40,9% и Шпанија – 39,7%

На спротивната страна се земјите каде што АИ сè уште не е широко прифатена Романија – 15,3% и Грција – 17,7%

Надвор од ЕУ, исто така има силни корисници на АИ. Норвешка предничи со 45,3%, а Обединетото Кралство со 36,4% редовни корисници.

Microsoft истакнува дека глобалното користење на АИ е тесно поврзано со економската моќ на државите. Во земјите од Глобалниот Север, стапката на користење изнесува околу 23%, додека во Глобалниот Југ е само 13%.

Брзината на усвојување на АИ е поголема во државите со развиена електрична, интернет и компјутерска инфраструктура. Сепак, речиси 4 милијарди луѓе сè уште живеат во региони каде што овие основни услови недостасуваат.

„Овој јаз не се должи само на пристапот до АИ алатки“, пишува во извештајот. „Тој ги одразува и пошироките разлики во инфраструктурата, образованието и јазиците.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни