Работата во повеќе од една земја може значително да ја подобри приспособливоста, самодовербата и културната интелигенција на вработените. Во рамките на Единствениот европски пазар, околу 17% од барателите на работа имаат меѓународно работно искуство, што им овозможува да живеат и работат надвор од својата татковина.
Можноста за работа во странство силно ги обликува кариерните патеки, овозможувајќи развој на вештини кои често не би се стекнале дома. Благодарение на слободното движење на трудот во Европа, уделот на луѓе со искуство во странство е релативно висок, но кои европски земји предничат?
Кој се смета за „меѓународно мобилен работник“?
Платформата за вработување Indeed ги дефинира „меѓународно мобилните работници“ како лица кои имаат најмалку едно работно искуство во земја различна од онаа во која моментално живеат.
Според податоците на Indeed, кон крајот на 2025 година, 16,7% од барателите на работа во Единствениот пазар имале меѓународно искуство. За споредба, во САД само околу 5,1% од работниците имаат работено во странство.
„Високиот удел на меѓународно мобилни работници во Европа ги одразува и политиките што ја поддржуваат мобилноста и вредноста што се придава на прекуграничното професионално искуство“, вели Снеха Пури, аналитичарка за имиграциски политики во Indeed.
Швајцарија и Ирска – јасни исклучоци
Податоците на Indeed опфаќаат осум европски земји (една веќе не е дел од Единствениот пазар), при што разликите се значителни.
Швајцарија е на прво место: повеќе од 51% од барателите на работа имаат работно искуство во странство. Ирска следи со 42%
„Помалите економии, како Швајцарија и Ирска, може да изгледаат дека имаат непропорционално висок удел на меѓународно мобилни работници, бидејќи и релативно мал прилив претставува голем процент од вкупната работна сила“, објаснува Пури.
Германија, Шпанија и Обединетото Кралство
Германија е на трето место, со околу 25% од барателите на работа со искуство во странство. Над 20% од барателите на работа во Шпанија и Обединетото Кралство исто така имаат меѓународно искуство. Холандија и Франција се над просекот на Единствениот пазар
Географија и големина на економијата – клучни фактори
Според Пури, неколку фактори влијаат врз разликите меѓу земјите. Пред се географската близина до повеќе големи пазари на труд ја олеснува прекуграничната мобилност. Земји како Швајцарија, опкружени со Австрија, Франција, Германија, Италија и Лихтенштајн, природно привлекуваат странска работна сила. Присуството на мултинационални компании и меѓународни студенти, како и апсолутниот број на работници во економијата
Европските баратели на работа сè почесто гледаат надвор од границите
Податоците покажуваат дека интересот за работа во странство расте, и тоа во две насоки: Внатрешна мобилност – барање работа во друга земја членка и надворешна мобилност или барање работа надвор од Единствениот пазар
До средината на 2024 година, двата типа интерес биле речиси изедначени (2–4%). Но, од декември 2024, интересот за работа надвор од ЕУ расте и достигнува 7,2% во октомври 2025, додека внатрешниот интерес останува на 5,4%.
САД и Обединетото Кралство – најпосакувани дестинации
Во 2025 година САД учествуваат со 40,5% од сите пребарувања за работа надвор од ЕУ, а Обединетото Кралство со 30,4%
Главна земја на потекло на овие пребарувања е Германија. Обединетото Кралство го напушти Единствениот пазар по Брегзит, на крајот на 2020 година.