Во текот на летните месеци, кога бројот на патувања е поголем, цената на горивото е една од најважните ставки во буџетот на патниците. Најевтин бензин има во Полска, а најскап во Данска.
Доколку патувањето е добро испланирано, точењето гориво во странство може да донесе значителна заштеда.
Цените на горивата во Европската Унија варираат од држава до држава. Според податоците на Европската комисија за просечни цени во 19 европски земји, разликите достигнуваат до 60 центи по литар за бензин и 53 центи за дизел.
Најевтин бензин има во Полска, каде што литар чини 1,38 € (дизел 1,41 €), додека најскап е во Данска – 1,98 € (дизел 1,76 €).
Најевтин дизел има во Чешка – 1,39 € (бензин 1,41 €), а најскап во Швајцарија – 1,92 € (бензин 1,84 €).
Цени на горива во други европски земји:
- Хрватска: бензин 1,47 €, дизел 1,49 €
- Словенија: бензин 1,44 €, дизел 1,49 €
- Португалија: бензин 1,70 €, дизел 1,59 €
- Луксембург: бензин 1,48 €, дизел 1,44 €
- Германија: бензин 1,67 €, дизел 1,61 €
- Австрија: бензин 1,53 €, дизел 1,56 €
- Италија: бензин 1,71 €, дизел 1,65 €
- Франција: бензин 1,69 €, дизел 1,62 €
Податоците за цените по држави може да имаат временски отстапки, па наведените износи треба да се земат како приближни. Исто така, имајте предвид дека цените на горивото на автопатите се почесто повисоки од оние на бензинските станици веднаш по излезите.