Каде е најефтино скијањето во 2026 година: Во еден центар седум дена чини 685 евра, во друг децата скијаат бесплатно

Скијањето долго време се смета за скап спорт. Кога ќе се соберат трошоците за патување, сместување, храна и пијалоци, како и ски билети, лесно може да достигне илјадници и илјадници евра. Сепак, тоа не е случај насекаде.

Скијањето долго време се смета за скап „спорт“, бидејќи кога ќе се соберат трошоците за патување, сместување, храна, ски-карти и опрема, зимскиот одмор лесно може да достигне неколку илјади евра.

Сепак, нова анализа покажува дека сè уште постојат европски дестинации каде што можете да скијате многу поевтино отколку што мислите.

Спроведено е истражување за цените на дури 32 популарни европски ски-центри во деветте земји што најмногу ги посетуваат Британците во текот на зимата. Анализирани се дестинации во Франција, Италија, Австрија, Швајцарија, Андора, Бугарија, Норвешка и Финска.

Иако на листата нема ски-центри од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина податоците се корисни за секој што планира зимски одмор во Западна Европа.

Што беше вклучено во пресметката?

Во истражувањето, цените беа споредени:

Врз основа на тоа, беше пресметана просечната неделна цена за престој, без трошоците за патување и хотелско сместување.

Најевтиниот скијачки центар за возрасни

Меѓу сите анализирани локации, скијачкиот центар Бардонекија, на северозападна Италија, е прогласен за најзгодна дестинација за возрасни скијачи. Иако цените се зголемени за 10,5 проценти во споредба со претходната година, неделната цена за еден возрасен е околу 685 евра.

За четиричлено семејство, престојот во Бардонекија чини околу 2.259 евра, што го рангира меѓу најприфатливите опции за семејно скијање.

Италијанците доминираат на листата на поволни дестинации

Студијата покажа дека италијанските скијачки центри се меѓу најевтините во Европа. Пасо Тонале, во регионот Трентино, е прогласен за најприфатлив избор за семејства, бидејќи децата под осум години добиваат бесплатни ски-карти кога скијаат со возрасен. Цената на неделен престој за четиричлено семејство во Пасо Тонале е околу 1.955 евра.

Зауце, Сестриер, Червинија, Кронплац и Ла Туиле беа меѓу десетте најповолни дестинации.

Крањска Гора во Словенија е исто така на листата на поволни семејни дестинации. Оваа дестинација падна од второ на четврто место во споредба со претходната година, но сепак се смета за една од попристапните опции. Неделниот трошок за четиричлено семејство е приближно 2.480 евра.

Најскапите скијачки дестинации, според истата анализа, сè уште се наоѓаат во Швајцарија и Австрија.

Најевтините скијачки центри за возрасни во 2026 година:

Бардонекија (Италија)
Боровец (Бугарија)
Гејло (Норвешка)
Банско (Бугарија)
Зауце (Италија)
Сестриер (Италија)
Ле Корбие (Франција)
Червинија (Италија)
Кронплац (Италија)
Ла Туиле (Италија)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни