Според податоците на РИА Новости, повикувајќи се на јавно достапни статистики, најскапото јадење за двајца се наоѓа токму во Европа – на Исланд и во Швајцарија, каде просечната сметка достигнува 116, односно 120 евра. Од вкупно 120 анализирани земји, просечната цена на ручек за две лица изнесува 42,5 евра.
По Исланд и Швајцарија, следуваат Камерун (98 евра), Данска (92 евра), Барбадос (87 евра), Норвешка (84 евра) и Белгија (78 евра). Во топ 10 најскапи земји се и Ирска, Луксембург и Холандија, каде ручекот за двајца чини околу 78 евра.
Најевтин ручек за двајца пак може да се најде во Бангладеш – нешто повеќе од 10 евра, во Пакистан – 10,7 евра, и во Индија – 12,3 евра. Во оваа група најевтини земји се и Непал и Боливија (по 16 евра), Киргистан (16,9 евра) и Египет, каде ручекот за две лица чини околу 17 евра.
Сè почесто времески ограничувања во рестораните
Интересен тренд забележан во Москва: многу ресторани воведуваат ограничување на времето на седење – обично два до два и пол часа, па дури и помалку. Причината, според угостителите, е обидот да се намали растот на цените, бидејќи економијата на еден ресторан може да функционира само ако на една маса во текот на вечерта има најмалку три смени гости.
„Рестораните не се антикафе барови каде што се наплатува времето, ниту обични барови каде што се нарачува пијалок на секои 30 минути. Не се јаде чинија макарони секој час“, велат од индустријата. Според нив, два часа се доволни за пријатно јадење и одмор, но дел од гостите ова ограничување го доживуваат како навреда.
Овој тренд, според експертите, е дел од глобалната адаптација на угостителскиот сектор кон новите економски услови.