Каде е најевтино горивото во Европа? Полска и Чешка со најниски цени во лето 2025

Според податоци од Европската комисија, Полска и Чешка имаат најевтини горива во Европа ова лето. Дознајте каде литар бензин или дизел чини најмалку и како да заштедите на патувања.

Во текот на летните месеци, кога бројот на патувања е поголем, цената на горивото е една од најважните ставки во буџетот на патниците. Најевтин бензин има во Полска, а најскап во Данска.

Доколку патувањето е добро испланирано, точењето гориво во странство може да донесе значителна заштеда.

Цените на горивата во Европската Унија варираат од држава до држава. Според податоците на Европската комисија за просечни цени во 19 европски земји, разликите достигнуваат до 60 центи по литар за бензин и 53 центи за дизел.

Најевтин бензин има во Полска, каде што литар чини 1,38 € (дизел 1,41 €), додека најскап е во Данска1,98 € (дизел 1,76 €).

Најевтин дизел има во Чешка1,39 € (бензин 1,41 €), а најскап во Швајцарија1,92 € (бензин 1,84 €).

Цени на горива во други европски земји:

  • Хрватска: бензин 1,47 €, дизел 1,49 €
  • Словенија: бензин 1,44 €, дизел 1,49 €
  • Португалија: бензин 1,70 €, дизел 1,59 €
  • Луксембург: бензин 1,48 €, дизел 1,44 €
  • Германија: бензин 1,67 €, дизел 1,61 €
  • Австрија: бензин 1,53 €, дизел 1,56 €
  • Италија: бензин 1,71 €, дизел 1,65 €
  • Франција: бензин 1,69 €, дизел 1,62 €

Податоците за цените по држави може да имаат временски отстапки, па наведените износи треба да се земат како приближни. Исто така, имајте предвид дека цените на горивото на автопатите се почесто повисоки од оние на бензинските станици веднаш по излезите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни