Каде е и што прави Том од MySpace?

Со многу пари и слободно време, Том Андерсон, основачот на „MySpace“, го шета светот и ги истражува своите интереси.

Том беше коосновач на платформата, а по продажбата на компанијата започна да се занимава со другите страсти, истакнувајќи се во фотогорафија на пејзажи.

По лансирањето во 2003 година, MySpace беше доминантен во светот на социјалните мрежи, поради што News Corp ја купи компанијата во 2005 година за 580 милиони долари.

Андерсот продолжи да биде советник, а компанијата конечно ја напушти 2009 со многу пари и слободно време.

„Да ме познававте пред MySpace веројатно ќе помислевте дека цел живот сум бил научник кој предава филозофија на факултет. Да не запознаевте пред колеџ, веројатно ќе помислевте дека сум музичар цел живот“ изјави Андерсон во 2014 година и додаде дека сака промени.

Тие различни интереси го одведоа на „Burning Man“ во 2011 година, а додека беше таму направи фотографии кои го одземаат здивот во тешките пустински услови, инспирирајќи го да го продолжи своето фотографско патување. Следејќи ги советите од своите пријатели, тој продолжи да ја усовршува техниката, развивајќи око за фотографирање пејзажи.

„Што помалку камери може да го фатат тоа што го гледате во сцената, тоа повеќе уредување ви е потребно“ објаснува тој и додава дека не се обидува само да ја прикаже природата, туку да креира убаво дело, како што би направил некој сликар.

До 2018 Андерсон своите фотографии ги споделуваше на Инстаграм, кога премина на својата нова страст – голфот. Тој стана и амбасадор на модниот голф бренд „Students“.

Извор: Н1

Најново

Последни колумни