Од почетокот на годината, цената на златото на светскиот пазар скокна за околу 60 проценти.
Постојаното зголемување на цената на златото во претходните години влијаеше на зголемувањето на побарувачката за овој скапоцен метал и во регионот. Оние кои ќе одлучат да го купат денес би морале да издвојат повеќе од 16.000 денари за грам.
Потребни беа неколку глобални кризи и единаесет месеци за една унца злато да чини 4.200 долари наместо 2.600 долари.

Каде да се чува злато?
Луѓето кои имаат можност да купуваат мали количини секогаш мора да ја земат во предвид и безбедноста.
Експертите советуваат дека задолжително треба да се побара фискална сметка за да се знае дека златото законски го поседувааат од една страна, а од друга страна дека имаат доказ за стекнување на тоа злато.
Нивната препорака е златотот да не се чува дома.
„Најважно е златото да се чува во сефови во банки, а не дома“, велат експертите.
Цената на златото не се очекува наскоро да падне, бидејќи и понатаму е погодена од геополитичките и економските проблеми, падот на вредноста на доларот или постојните и евентуални војни.
Највисоката цена на златото на светскиот пазар е забележана во октомври оваа година и дојде по проблемот со затворањето на американската влада. Тогаш, една унца вредеше 4.381 долар, 150 долари повеќе од денес.
