Каде да одите на соло патување ако барате предизвик и авантура: Седум од 10-те најдобри земји се во Европа

Ако сакате да патувате сами, но обичните градски тури повеќе не ви се доволни, можеби е време за вистинско, возбудливо соло патување кое вклучува авантура, природа и култура, сè во едно.

Специјалистот за авантуристички патувања „Much Better Adventures“ состави листа на најдобри дестинации за соло патници во 2025 година, користејќи оценки од корисниците, безбедносни параметри, индекс на биодиверзитет, прифатливост и леснотија на патување од Велика Британија. Резултатот? Дури 7 од 10-те најатрактивни дестинации се наоѓаат во Европа, а Италија е на самиот врв.

Зошто Италија? Според авторите на листата, оваа земја нуди „волшебна култура, совршена кујна и разновидни авантури“ што ја прават идеално место за оние кои сакаат да патуваат сами, но никогаш да не им здодее.

Од историски градови до недопрена природа, Италија има сè. Рим е само на два часа возење од планините Абруцо, додека Доломитите се лесно достапни од Венеција. Италијанските села, плажи и острови нудат автентични искуства, а спонтаното истражување е дел од шармот.

„Самостојното патување во Италија никогаш не е здодевно“, вели Марта Маринели од „Мач Бетер Адвенчрс“. „Брзите и достапни железници, добро поврзаните градови и гостопримливите локални жители го прават секој регион лесно достапен и секое патување изгледа како спонтана авантура. Дури и ако не зборувате течно италијански, луѓето со задоволство ќе ве водат и ќе поразговараат“.

Италија има добра безбедносна оценка (1,69), солиден биодиверзитет (67,71), а оброк за едно лице чини околу 13 евра во просек, што е прифатливо во европски услови.

Покрај Италија, на листата на најдобри соло дестинации за 2025 година се наоѓаат и Јапонија, Норвешка, Шпанија, Албанија, Португалија, Непал, Црна Гора, Јордан и Грција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни