Каде ќе биде дејствието на следната сезона на White Lotus?

Првата сезона на White Lotus беше на Хаваи, втората во Италија. Се ближи крајот на третата сезона, која се одвива во Тајланд, а сите се прашуваат – што е следно?

Според Дејли Мејл, продуцентите на хит серијата на HBO веќе ги разгледуваат дестинациите за четвртата сезона. Според извештаите, тие биле особено привлечени од  Маракеш и Мароко.

„Мајк Вајт  сака да направи по една сезона на секој континент. Заврши Хаваи, Италија и сега Тајланд, па веројатно следните се Африка или Австралија. Никој не мисли дека ќе го изберат Антарктикот“, рекол неименуван извор на HBO.

„Веќе е договорена четврта сезона, а Африка е фаворит. Има се што очекуваат обожавателите на White Lotus – топлина, егзотични локации и драматична позадина. Маракеш нуди топлина и интриги. Се уште ништо не е решено, но Мајк се наклонува кон Африка”, додал изворот.

Претходно имаше информации дека некои од актерите побегнале од сетот на White Lotus поради инцестуозни сцени. „Моравме претходно да им ги спомнеме тие сцени со браќата на актерите. Рековме: ‘Ќе има истополови бакнувања и слични работи. Дали сте ок со тоа?’ Мислам дека едно дете ја одби улогата на Локлан, но некои од нив имаа едвај 18 години, па разбирам“, рече директорката на кастингот Мередит Такер.

Браќата Лохлан и Саксон Ратлиф беа отелотворени од Сем Нивола и Патрик Шварценегер. Продуцентот Дејвид Бернад истакна дека тој и креаторот на серијата Мајк Вајт биле загрижени дека Сем и Патрик може да се откажат откако ќе го прочитаат сценариото. Сем исто така зборуваше за се, велејќи дека снимањето интимни сцени со Патрик не му пречело.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни