„Како што ветивме, ќе продолжиме да ги таргетираме симболите на власта (во Иран) и да го нападнеме режимот на ајатолахот“, наведе Кац.

Претходно, израелската армија соопшти дека Техеран повторно е под напад и оти се напаѓаат воени цели на подрачјето на главниот град на Иран.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.
Според западните медиуми, кои сè уште имаат дописници во Техеран, густ чад се издига на над источните и југоисточните квартови на градот.