Во Белград, Калас ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацута, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, министерот за европски интеграции Немања Старовиќ, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, како и со пратеници од опозициските партии, студентски организации и претставници од граѓанскиот сектор. Посетата на Србија ќе заврши со прес-конференција утре во 13:15 часот.
Во Приштина, за утре се најавени средби со претставници на политички партии, граѓанскиот сектор, како и со претставници на мисиите ЕУЛЕКС и КФОР.
Во петок, Калас ќе ја посети Северна Македонија, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, ќе го отворат првиот Безбедносен и одбранбен дијалог меѓу ЕУ и Северна Македонија. Исто така, таа ќе ја посети Балканската медицинска мисија (BMTF) во придружба на министерот за одбрана Владе Мисајловски, и ќе оствари средба со млади и студентски претставници.
Ова е втора посета на Каја Калас на регионот. Претходно, од 7 до 9 април, таа ги посети Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.