Каја Калас: Членството во ЕУ е стратешка определба на Србија

Ѓуриќ изјави дека „членството во ЕУ е стратешка определба на Србија“ и додаде дека земјата е „многу посветена на својот европски пат“ и дека, како „кредибилен партнер, сака да придонесе за мир, стабилност и просперитет на Европа“.

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, вчера вечер во Луксембург, пред неформалната вечера за министрите за надворешни работи од Западен Балкан, разговараше со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, за членството на Србија во ЕУ, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Ѓуриќ изјави дека „членството во ЕУ е стратешка определба на Србија“ и додаде дека земјата е „многу посветена на својот европски пат“ и дека, како „кредибилен партнер, сака да придонесе за мир, стабилност и просперитет на Европа“.

Министерот пренесе дека реформите остануваат приоритет и изрази надеж дека ЕУ ќе ги препознае и позитивно ќе ги вреднува напорите на Србија.

Кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ѓуриќ истакна дека Белград е целосно посветен на тој процес и дека новиот специјален претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина ќе ја има поддршката од Белград.

Од друга страна, според зборовите на Ѓуриќ, неопходно е Приштина да ги исполни своите обврски од досегашните договори, односно пред сè да ја формира Заедницата на српски општини, се наведува во соопштението.

Ѓуриќ додаде дека клучните интереси на Србија се зачувување на стабилноста во регионот, унапредување на регионалната соработка и негување на што подобри добрососедски односи, стои во соопштението.

Министерот за надворешни работи на Србија вечерва во Луксембург присуствува на неформална вечера за министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан, организирана од Каја Калас.

Денес во Луксембург е закажан состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој главни теми ќе бидат руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и односите меѓу ЕУ и Африка.

Како што претходно беше најавено, во дискусијата за Западен Балкан ќе се приклучат и министрите за надворешни работи од регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни