Кај државјани на Чешка, пронајдени 20 стари монети

Како што соопшти МВР, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојувале три лица од Чешка,  при што е пронајдена метална кутија во која имало 20 стари монети.

Лицата биле забележани претходно при контрола на видео надзорен систем  на теренот на ПС за ГН Старавина, на местото викано „Брест“ вчера било забележано моторно возило „дачија дастер“ со странски регистерски таблички. По извршени проверки, синоќа во 19 часот, во близина на село Подмол, полициски службеници го пронашле возилото и при извршена контрола констатирано е дека во него биле J.M.(26), Ф.К. (53) и M.H. (47), сите од Чешка, а сместени во закупен стан во Прилеп. Тие се лишени од слобода и спроведени во ОВР Прилеп.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни