Јубилејниот спектакл на LORD OF THE DANCE ексклузивно во Скопје

По светската премиера во 1996 година, „Господарот на танцот” стана најпродаваната претстава во историјата на шоу-бизнисот во светот

„Господарот на танцот”, глобалната сензација којa го редефинираше ирскиот танц, се враќа во Македонија на 7 април 2026 година со ново ексклузивно шоу за прослава на својата 30-годишнина! Во рамки на фестивалот ТАКСИРАТ и во организација на „Пасворд Продакшн”, Скопје ќе биде домаќин на овој значаен настан кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски” – грандиозна прослава на културниот феномен кој плени над 60 милиони обожаватели и поставува нови стандарди во креативноста и сценската продукција.

Блескавата претстава на неверојатните танчери за 30-годишнината од создавањето на оригиналниот перформанс на наградуваниот визионер, креатор и режисер Мајкл Флетли ќе воодушеви со нова претстава, костими и кореографија. Јубилејната програма „30 years of standing ovations” носи и нова современа сценографија, светлосни и специјални ефекти — но и препознатливото пулсирачко темпо по кое шоуто стана легендарно. Композитор на музиката е Џерард Фахи, а јубилејните изведби стартуваат во родниот град, во Даблин на 5 февруари следната година и продолжуваат во селектирани арени низ Европа.

„Господарот на танцот” е магична адуиовизуелна и музичко-театарска авантура која ја пренесува публиката во митски времиња и места, го воздигнува духот и ги плени срцата на сите. Од моментот кога светлата ќе се изгаснат до последниот бис, посетителите се восхитени од магијата на мајсторски оркестрираните танцови сцени со совршена прецизност, фасцинантни костими и специјални сценски ефекти кои поставуваат нови стандарди во креативноста и сценската продукција.

Создадена врз основа на ирскиот фолклор, оваа класична приказна за борбата помеѓу Доброто и Злото, претставена преку импресивниот танц, ја воодушеви публиката во 60 земји ширум светот и заслужено ѝ донесе на претставата невидено признание.

По светската премиера во 1996 година, „Господарот на танцот” стана најпродаваната претстава во историјата на шоу-бизнисот во светот. Тајната на неговиот феноменален успех лежи во фактот дека преку танцот неговите пораки допираат до сите, надминувајќи ги возраста, половите, етничката припадност, религијата и културните бариери. Овој универзален јазик го претвори спектакуларното шоу во едно од современите светски чуда, во вистинска жива легенда.

На 7 април 2026 година, ирското музичко-танцово мајсторство што веќе 30 години го воодушевува светот пристигнува во Скопје, LORD OF THE DANCE во арена „Борис Трајковски”.

Влезниците се веќе достапни во продажната мрежа на МкТикетс и онлајн на овој линк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни