ЈП „Улици и патишта“ – Скопје демантира: Нема повредена жена од паднат семафор во Ново Лисиче

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ги демантира неточните информации објавени во неколку медиуми дека семафор паднал и повредил жена во Ново Лисиче. Од претпријатието појаснуваат дека станува збор за сообраќајна незгода со оштетен семафор, за која е направен записник во присуство на полиција.

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје во целост ги демантира неточно пренесените информации кои денес беа објавени од страна на некои медиуми и превземнени од Трн, со наслов „Семафор паднал во Ново Лисиче и повредил жена која била итно пренесена во болница“.

Ве известуваме дека одговорните лица кои работат во Центарот за контрола и управување на сообраќајот, во координација со дежурните екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, кои ја одржуваат светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во градот, утрово пријавија сообраќајна незгода на крстосницата на бул. „Видое Смилески-Бато“, спроти ТЦ „Лиса“. Како последица на оваа сообраќајка, настанало оштетување на елемент од семафорската опрема, поради што екипи на претпријатието веднаш интервенирале на терен со цел да ја санираат штетата и да обезбедат безбедно функционирање на сообраќајната сигнализација. Направен е записник во присуство на полиција и истрагата е во тек“ се вели во демантот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни