Скопје деновиве живее во ритамот на едно од најочекуваните културни случувања годинава: светски познатиот стендап-комичар Џим Џефрис на 5 декември ќе настапи со своето ново шоу „Son of a Carpenter“ во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“.
Македонската публика ќе има можност да го почувствува неговиот препознатлив, бескомпромисен хумор во формат што досега не сме го виделе кај нас — целосно нов материјал, изведен во рамките на европската турнеја што веќе бележи целосно распродадени сали од Лондон до Варшава.
Џефрис е еден од највлијателните комичари на својата генерација, автор на повеќе хит-специјали, ТВ-емисии и глобално познати настапи кои ја преминуваат границата на жанрот. Неговата способност истовремено да провоцира, да насмее и да отвора важни општествени теми го позиционира како артист кој ги освојува MADISON SQUARE GARDEN, CARNEGIE HALL и O2 ARENA – простори резервирани само за најголемите имиња во современата комедија.
Во 2019 година беше прогласен за „Стендап-комичар на годината“ на престижниот фестивал Just for Laughs во Монтреал, потврдувајќи го својот глобален статус.
Настапот во Скопје доаѓа само неколку недели по премиерата на неговиот најнов Нетфликс-специјал, кој повторно го позиционира како еден од најсилните гласови на светската стендап-сцена. Токму затоа интересот кај македонската публика расте од ден на ден со чувство дека ни претстои исклучителен културен момент.
Овој настап е можеби најзначајниот стендап-настан во Македонија во изминатите години, сигнал дека Скопје станува точка на која слетуваат светски имиња од највисок ранг. Атмосферата во градот веќе е исполнета со исчекување, а организаторите нагласуваат дека шоуто ќе биде изведено целосно на англиски јазик, во формат што ја доловува енергијата на современата светска стендап сцена.
„Доколку постои настан што не смее да се пропушти оваа година, тогаш тоа е токму ова шоу – ретка можност да се искуси живиот, современ и бескомпромисен хумор на еден од најмоќните комичари на денешницата,“ велат од продукцијата Друга страна.
Билетите за настапот на Џим Џефрис се достапни на drugastrana.mk.
