Прв напад од Јемен во конфликтот, ракета погодила американска база

Ракета од Јемен погоди американска база во Саудиска Арабија. Повредени најмалку 12 војници.

Израелската војска соопшти дека ракета испукана од Јемен завршила во американската база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија.

Според првичните информации, во нападот се повредени најмалку 12 американски војници.

Ова се смета за прв директен напад од Јемен од почетокот на актуелниот конфликт на Блискиот Исток.

Ескалацијата доаѓа откако портпаролот на јеменските Хути најави дека групата ќе се приклучи на војната доколку продолжат нападите врз Иран.

Нападот дополнително ја усложнува безбедносната состојба во регионот, кој веќе се соочува со сериозни тензии и проширување на конфликтот.

Засега нема официјални информации за понатамошни напади или одговор на САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни