Документарецот „Јас сум Невенка“ со проекција во Europe House – Скопје

„Јас сум Невенка“ ќе биде прикажан на 26 март во Europe House Skopje, по што ќе следи и панел-дискусија за темите што ги отвора филмот.

Во Europe House Skopje, в четврток, на 26 март, со почеток во 19 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „Јас сум Невенка“, во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија, во соработка со Europe House Skopje, HERA и Младите европски амбасадори.

Филмот, во режија на Исијар Бољаин од 2024 година, е инспириран од вистинска приказна сместена на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Во неговиот фокус е Невенка Фернандез, 24-годишна советничка во градското собрание на Понферада, која се соочува со сексуално вознемирување од страна на градоначалникот, човек со моќ и влијание и во политичкиот и во приватниот простор.

Откако ќе поднесе тужба против својот претпоставен, Невенка влегува во тешка и болна борба во која, покрај институционалниот процес, се соочува и со осуда од средината што дополнително го поткопува нејзиното достоинство. Нејзината истрајност подоцна станува важен пример за многу жени во Шпанија во борбата против злоупотреба и вознемирување на работното место.

По проекцијата ќе следи панел-дискусија, на која ќе се отвораат прашањата што ги носи филмот, како и простор за размена на мислења во неформална атмосфера. Филмот ќе биде прикажан со титлови на македонски и англиски јазик.

Поради ограничениот број на места, организаторите бараат присуството да се потврди однапред на електронската адреса: emb.skopje@maec.es

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни