Јапонски танкер помина низ Ормускиот теснец – прв по почетокот на конфликтот

Танкерот „SOHAR LNG“ на Мицуи успешно помина низ Ормуски теснец – прв јапонски брод по почетокот на воените операции против Иран.

Јапонски танкер за течен природен гас успешно помина низ Ормуски теснец, соопшти бродската компанија Мицуи. Компанијата информираше дека танкерот „SOHAR LNG“ ја минал оваа клучна поморска рута и дека екипажот е безбеден, пренесе агенцијата Кјодо њуз.

Ова е првиот јапонски танкер што минал низ теснецот по почетокот на воената интервенција на САД и Израел против Иран. Јапонија, како земја сиромашна со природни ресурси, веќе разгледува мерки за намалување на побарувачката за нафта, со цел да се подготви за можни недостиг на енергенси.

Затворањето на Ормуски теснец од страна на Иран сериозно го наруши снабдувањето со сурова нафта и доведе до раст на цените, што особено ги погоди земјите како Јапонија, кои во голема мера зависат од увоз на енергенси од Блискиот Исток.

Според податоците на Јапонско здружение на бродосопственици, во Персискиот Залив сè уште се наоѓаат 44 бродови поврзани со Јапонија.

Во меѓувреме, и француски контејнерски брод поминал низ теснецот во текот на денот, откако десетици земји извршиле притисок врз Иран да овозможи нормализирање на поморскиот сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни