Речиси и да нема љубител на социјалните мрежи кој последниве денови не видел видео за познатиот јапонски чизкејк од само две состојки. Овој едноставен десерт стана вистински вирален хит благодарение на брзата подготовка и намирниците што повеќето веќе ги имаат во кујната.
Станува збор за десерт без печење кој се подготвува за неколку минути, а воодушевува со својата мазна и кремаста текстура. Потребни се само грчки јогурт и бисквити – без рерна, без миксер и без комплицирани чекори.
Токму во таа едноставност лежи неговиот шарм. Совршено одговара на модерниот, забрзан начин на живот каде сите бараме брзи и практични решенија. Со минимален труд добивате богат и вкусен десерт што наликува на класичен чизкејк.
@gentianasaphiira Jumping on Japan’s viral yogurt cheesecake. Only 2 ingredients (biscoff, yogurt ➡️ overnight in fridge)…I get the hype! 🥰🤤 . . . . . #yogurtcheesecake#japaneseyogurtcheesecake#viralyogurtcheesecake#fyp#foryoupage❤️❤️
♬ You Rock My World – Michael Jackson
Иако рецептот има само две состојки, нивниот квалитет е пресуден. Најдобри резултати дава густ грчки јогурт со повисок процент на млечна маст, колку е помасен, толку текстурата е покремаста, а вкусот побогат.
