Зелениот чај е популарен пијалок полн со антиоксиданси и различни растителни соединенија и се користи илјадници години поради неговите можни медицински придобивки како што се подобрување на варењето и чувството на будност.
Некои луѓе дури тврдат дека зелениот чај може да помогне во губење на тежината и согорување на маснотии. Сепак, истражувањата за ефектите на зелениот чај врз слабеењето се поделени.
Некои тврдат дека листовите од чајот содржат корисни растителни соединенија кои можат да помогнат во спречување на хронични состојби како дијабетес и дебелина, а истовремено се борат со воспаление и оксидативен стрес и го намалуваат нивото на холестерол и инсулин.
Поточно, зелениот чај содржи катехини и кофеин. Ова може да помогне да се промовира губење на тежината со зголемување на бројот на калории што ги согорувате дневно (трошење на енергија) и зголемување на оксидацијата на мастите, метаболизмот и термогенезата. Катехините се еден вид флавоноиди, кој е вид на растително соединение наречено полифеноли.
Како Азија го прави тоа?
Меѓутоа, локалното население на Јапонија не се согласува со начинот на кој Западот го злоупотребува нивниот традиционален пијалок.
На оваа тема зборуваше хомеопатот Џиаминг Џу.
„Кога пиеме зелен чај, никогаш не го пиеме ладен. Тоа е новата маркетиншка работа – продавање и сервирање ладно. Зелениот чај се служи со храна во Јапонија. Никој не го консумира на празен стомак. Но, ако имате лошо варење, слаб проток на крв или „ладни“ стапала поради слаба циркулација – зелениот чај не е за вас. Тоа е „ладна и горчлива“ билка. Го пиеме само во сезона, во рана пролет“.