Јапонската премиерка Санае Такаичи се всели во официјалната резиденција

Два месеца по преземањето на функцијата, првата жена премиер на Јапонија конечно се пресели во резиденцијата на шефот на владата во Токио.
Sanae Takaichi
Dean Calma

Јапонската премиерка Санае Такаичи денеска се всели во официјалната резиденција на премиерот на Јапонија, два месеца откако стапи на функцијата, јавуваат извори од нејзиниот кабинет за јапонската новинска агенција Кјодо.

Откако во октомври стана првата жена на премиерската функција во историјата на Јапонија, Такаичи секојдневно патуваше до премиерскиот кабинет со автомобил од парламентарното сместување во токискиот кварт Акасака, кој е оддалечен само неколку минути.

Иако првично планирала веднаш по преземањето на должноста да се пресели во официјалната резиденција, која се наоѓа на околу една минута пешачење од кабинетот на премиерот , нејзиниот густ дипломатски и парламентарен распоред го одложил преселувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни