Фразата што ја обележа годината ја изговори на 4 октомври, по победата на внатрепартиските избори за лидер на владејачката Либерално демократска партија, настан по кој во октомври стана и првата жена премиер во историјата на земјата, пренесува агенцијата Кјодо.
Контроверзии предизвика нејзината порака до сопствените пратеници дека „сите ќе работат како коњи“ и дека таа лично ќе се откаже од концептот за рамнотежа меѓу работата и приватниот живот. Изјавата ги разгневи адвокатите кои се борат против феноменот „кароши“, смрт од преголема работна исцрпеност, широко познат во Јапонија.
На церемонијата во Токио, Такаичи истакна дека нејзините зборови биле погрешно интерпретирани и дека со нив сакала да ја изрази својата решителност да и служи на земјата и граѓаните. Таа додаде дека не имала намера да охрабрува прекувремена работа ниту да промовира идеја дека долгиот работен ден е доблест.
Меѓу останатите десет најпознати фрази за 2025 година се најдоа и „ко ко ко маи“, што значи „стар, стар, стар ориз“ и се однесува на залихи од ориз произведен во 2021 година кој владата го пушти во продажба поради недостиг. Во изборот се вброени и изразите „итни отстрели“ и „штета од мечки“, инспирирани од порастот на нападите на мечки и либерализацијата на постапките за нивно отстранување од населени подрачја.
Извор: N1info.rs
