Јапонија е земја на „Не“ – еве што таму никако НЕ смеете да правите

Ако сте еден од оние кои планираат да ја посетат Јапонија, добро е да знаете неколку работи пред да тргнете на пат

Со својата мистичност, духовност, силната дисциплина и малку поинаквата општествена уреденост, Јапонија дефинитивно се разликува од сите земји во Азија, но и во светот.

Многу работи ја прават оваа земја од стотици милиони жители, која е економски гигант, далеку поразлична од другите, па можеби затоа многумина Јапонија ја сметаат за совршена држава и мечтаат да живеат во неа.

Ако сте еден од оние кои сакаат или планираат да ја посетат оваа земја, добро е да знаете неколку работи пред да тргнете на пат.

Во јапонија НЕ е дозволен бакшиш – послугата секаде е на врвно ниво и таа е вклучена во цената. Нема потреба од давање бакшиш, а во некои ситуации тоа може да се смета и за навредливо.

НЕ смеете да зборувате на телефон додека користите јавен превоз – речиси и да е строго забрането да зборувате на телефон додека се возите во автобус или воз.

НЕМА јадење додека одите пешки – тоа може да се сфати како знак за непочитување, па се очекува додека јадете да застанете на едно место.

НЕМА корпи за отпадоци но НЕМА ниту ѓубре по улиците – иако генерално во јапонските градови фалат корпи за отпадоци, сепак нема да видите ѓубре по улиците, поради дисциплината граѓаните ѓубрето го земаат со себе до својот дом, без да го фрлаат каде ќе им текне.

НЕМА бакнување, прегрнување или гласно смеење на паровите додека се во јавност – тоа едноставно се смета за вознемирувачки.

НЕ се помина улица надвор од пешачки – ако светлото за пешаци е црвено значи дека се чека зелено светло дури и ако улицата е целосно празна.

Меѓу другите работи што не смеете или не би требало да ги правите во Јапонија е тоа дека НЕ треба да зборувате додека се возите во лифт, како и да не влегувате со обувки во домовите на луѓето.

Иако за многу држави особено од западната цивилизација дел од овие работи се незамисливи, сепак тие во Јапонија се строги правила и со самото тоа се уште еден показател за уникатноста на оваа држава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни