Јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја за време на денешниот состанок со својот кинески колега Ванг Ји во Пекинг, го претстави планот за визно олеснување за кинеските туристи кои индивидуално ја посетуваат Јапонија.
Министрите се договорија и за посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Токио, „во најрано соодветно време“ следната година.
Средбата меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Јапонија се одржа во рамките на договорот на двете земји за интензивирање на меѓусебните посети на високо ниво и одржување на комуникацијата поради зголемените тензии во регионот.