Јануари донесе пад на цените и инфлација од 3,2 %, но храната и безалкохолните пијалаци сè уште поскапуваат

Во јануари 2026 година се забележа дефлација од 0,7 %, додека годишната инфлација достигна 3,2 %. Храната и безалкохолните пијалаци се поскапи за 5,2 %, додека трошоците за транспорт и рекреација се намалија.

Во првиот месец од 2026 година е измерена годишна инфлација од 3,2 %, додека месечно се регистрира дефлација од 0,7 %. Индексот на цените на мало покажува раст од 1,2 % на годишно ниво, а на месечно ниво бележи пад од 2,7 %. Најизразен пораст во годишна смисла се забележува кај храната и безалкохолните пијалаци со раст од 5,2 %, додека алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците поскапеле за 5,3 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на трошоците на животот во јануари се должи главно на поевтинувањето на транспортот за 9,3 %, како и на пониските цени во секторите информации и комуникации (-1,6 %), рекреација, спорт и култура (-1,5 %), облека и обувки (-1,2 %) и лична нега, социјална заштита и разновидни стоки (-0,5 %).

Од друга страна, пораст на цените е забележан кај покуќнината и опремата за домаќинствата (+1,0 %), домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива (+1,0 %), ресторани и услуги за сместување (+0,7 %), како и кај образованието и алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците (+0,1 %).

Трошоците за осигурување и финансиски услуги, здравствена заштита и храната и безалкохолните пијалаци остануваат стабилни во споредба со декември 2025 година.

Гледано по категории, домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива се зголемени за 3,0 % на годишно ниво, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 5,8 %, здравствената заштита за 2,9 %, додека транспортот поевтинел за 6,5 %. Информациите и комуникациите се поскапеле за 2,0 %, рекреацијата, спортот и културата за 4,3 %, облеката и обувките за 1,2 %, рестораните и услугите за сместување за 4,8 %, а осигурувањето и финансиските услуги за 1,7 %. Личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги бележат раст од 1,0 %.

На ниво на производи, земјоделските производи се зголемени за 3,2 %, прехранбените производи за 4,4 %, индустриско-прехранбените за 4,8 %, индустриските производи за 2,7 %, а непрехранбените индустриски производи и тутунот за 2,0 % на годишно ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни