Јанта Волеј КВ го пречекува Волеро Ле Кане во третото коло од ЦЕВ Лигата на шампионите

Јанта Волеј КВ на 4 ноември во Скопје ќе го пречека францускиот Волеро Ле Кане во третото коло од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите, со бесплатен влез за публиката.

Македонскиот женски одбојкарски шампион Јанта Волеј КВ откако испиша историја успешно минувајќи ја првата пречка во ЦЕВ Лигата на шампионите (Гацко од БиХ), го продолжува настапот во најсилното европско натпреварување.

Клубот објави дека во рамките од третото коло од квалификациите на 4 ноември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе го пречека следниот противник – францускиот претставник Волеро Ле Кане. Почетокот на дуелот е во 18 часот.

Како и за првиот натпревар пред домашната публика, така и во овој дуел влезот во салата „Јане Сандански“ ќе биде слободен за сите симпатизери на клубот и љубители на одбојката. Реванш дуелот од оваа фаза Јанта Волеј КВ ќе го игра на 13 ноември на гостински терен. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни