Јањските острови во Хрватска меѓу 50 најубави места во светот според „Time Out“

Престижниот магазин „Time Out“ ги вклучи Јањските острови меѓу 50-те најубави места на планетата за 2026 година, рангирајќи ги на 34. место.


Престижниот светски магазин „Time Out“ ја објави својата годишна листа на 50 најубави места во светот за 2026 година, на која се најде и природниот бисер Јањски острови кај Шипово.

Оваа дестинација е рангирана на 34. место и е опишана како место со неверојатен мир, мрежа од речни ракави, дрвени мостови и бујна зелена природа. Авторите нагласуваат дека Јањските острови претставуваат вистински пример за недопрена природна убавина, а во близина се препорачува и посета на прашумата Јањ, заштитена од УНЕСКО.

Во описот се советува туристите да изнајмат велосипед и да преноќат во автентични колиби во околината на Шипово за целосно доживување на регионот.

Покрај Јањските острови, на листата се најдоа и Плитвичките езера во Хрватска (24. место) и Бока Которска во Црна Гора (27. место), што уште еднаш го потврдува силното присуство на Балканот на светската туристичка мапа.

На врвот на листата се најде планинскиот масив Пикос де Европа во Шпанија, следен од Лофотските Острови, заливот Ха Лонг, езерото Текапо и долината Лаутербрунен.

Извор: Time Out

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни