Јанис Адетокумбо пред заминување од Милвоки?

Размената на Јанис би можела да стане една од најголемите во модерната НБА, а за него се заинтересирани Никс, Голден Стејт и Мајами.

По повеќе од десте години еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумбо, најверојатно ќе гонапушти Милвоки. Според извори на НБА-инсајдер, грчката суперѕвезда и неговиот агент, Алек Сарасис, водат интензивни разговори со раководството на Бакс.

Се очекува одлуката да биде позната во периодот што следи.

Новинарот Брајан Виндхорст претходно откри дека Јанис изразил желба да игра за Њујорк Никс, што предизвика бројни шпекулации. Сепак, Никс не се единствените заинтересирани. Во трката би можеле да влезат и Голден Стејт Вориорс и Мајами Хит, а инсајдерите најавуваат дека можна е и појава на „таен“ кандидат.

Адетокумбо пристигна во НБА во 2013 година како 15-ти пик и од тогаш го носи дресот на Бакс. Со тимот освои шампионски прстен во 2021 година, кога беше прогласен и за МВП на финалето, а двапати ја освои наградата за МВП на регуларната сезона (2019, 2020).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни