Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја заврши годината на спектакуларен начин – со победа над Карлос Алкараз во финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Синер не загуби ниту еден сет во текот на целиот турнир и шести пат го победи Шпанецот во нивните 16 меѓусебни дуели.
Крајниот резултат од финалето беше 7:6(4), 7:5 за Синер, со што го одбрани трофејот, ја освои 24-та титула во кариерата и го намали бодовниот заостанок на АТП-листата. По Дејвис купот, кој следи, сезоната ќе заврши со Синер само 550 бодови зад Алкараз, кој во моментов е лидер на листата.
Непоразениот победник на турнирот во Торино заработи 5.071.000 долари, што е огромна сума за кратката завршница на сезоната и дополнително ја потврдува неговата доминација на АТП турот.
