Jane’s Addiction ја откажаа турнејата: Се надеваме дека Пери Фарел ќе ја пронајде помошта што му е потребна

Групата Jane’s Addiction беше приморана да ја прекине турнејата по хаосот на сцената во Бостон, кога пејачот Пери Фарел физички го нападна гитаристот Дејв Наваро.

„Поради константниот образец на однесување и психичките потешкотии на нашиот пејач Пери Фарел, дојдовме до заклучок дека немаме друг избор освен да ја прекинеме актуелната турнеја во САД. Нашата загриженост за неговото лично здравје и безбедност, како и за нашето, не ни оставија друга алтернатива. Се надеваме дека ќе ја најде потребната помош“ соопштија од бендот.

Тие додаваат дека жалат што не може да настапат за фановите кои веќе ги купиле билетите, но дека не гледаат друго решение кое ќе обезбеди безбедна средина на сцената и ќе им овозможи да настапуваат како што треба.

„Нашите срце се скршени. Дејв, Ерик и Стивен“ се вели во пораката на социјалните мрежи.

Легендарните алт-рокери од Лос Анџелес неодамна се вратија на својата оригинална постава со Пери Фарел, Дејв Наваро, Стивен Перкинс и Ерик Ејвери и после 34 години го објавија својот нов заеднички албум „Imminent Redemption“.

Потоа имаа серија заеднички настапи во Велика Британија, по што започнаа со турнеја низ САД.

Меѓутоа за време на настапот во Бостон тензиите помеѓу членовите кулминираа, а Фарел му викаше на Наваро, по што го турна гитаристот и започна тепачка, која брзо беше прекината. Останатите членови на бендот се обидоа да го смират Пери, но настапот мораше да биде прекинат.

Најново

Последни колумни