Еве како комбинацијата на тестенини и сирење стана најпознатата американска comfort храна.
Од Европа до Белата куќа
Иако денес речиси никој не го поврзува mac and cheese со Европа, токму таму започнува неговата приказна. Уште во 13 век во Италија се спомнува јадење што ги комбинира варените тестенини со сирење. Подоцна, во 18 век, британската готвачка Елизабет Рафалд објавила рецепт за „макарони со пармезан“ печени во рерна – верзија која многу наликува на денешната.
Но, вистинскиот пробив го доживува во САД благодарение на Томас Џеферсон. Воодушевен од тестенините што ги пробал за време на престојот во Европа, поранешниот американски претседател ги вовел во својата кујна, а се верува дека послужувал mac and cheese на државни вечери.
Во 20 век, популарноста експлодирала со компанијата Kraft, која во 1937 година ја лансирала својата инстант-верзија во кутија. Тоа било вистинска револуција – брз, евтин и заситен оброк што станал стандард во речиси секое американско домаќинство.
Што мора да содржи вистинскиот mac and cheese
Денес постојат безброј варијации – со панчета, jalapeño пиперки, па дури и со јастог – но основата останува иста: тестенини (најчесто макарони) и млечен сос.
Совршениот сос треба да биде густ, но свиленкаст. Се подготвува на класична бешамел-база (млеко, путер и брашно), во која се додава изобилство од сирење. Најчест избор е чедар, но одлично функционираат и гауда, моцарела или комбинација од повеќе видови сирење. Важно е сирењето да се топи рамномерно и да создава длабок, богат вкус.
Тестенината треба да биде ал денте, бидејќи преварата тестенина во кремаст сос едноставно не функционира. А иако класичната верзија е без коричка, многумина сакаат печени трошки одозгора кои додаваат контраст во текстурата.
Ова е рецепт што гарантира чисто уживање – comfort food во својата најдобрa форма.
Извор: Index.hr