Jaan Roose на јаже премина од Азија во Европа

Jaan Roose стана првиот човек кој успеал да премине од еден на друг континент одејќи ко слеклајн лента. Red Bull атлетата овој подвиг го направи на 15 септември на мостот Босфор во Истанбул.

Овој трократен светски шампион во одење по слеклајн лента испиша нова страница во историјата на овој спорт – балансирање по 1074 метри долго јаже поставено на висина од 165 метри на мостот Босфор, кој ги спојува Азија и Европа.

Растојанието од нешто повеќе од километар, Jaan Roose успеа да го помине за 47 минути за што изјави: 

„Крајно променливите временски услови и силните морски струи беа доволна причина за мене да сфатам дека мостот Босфор е вистинската локација за нов историски подвиг. Навистина сум пресреќен!”  

Покрај тоа што е првиот човек кој со одење по слеклајн лента поминал од еден на друг континент, Jaan Roose е првиот човек во светот кој одеше по најдолгата осветлена слеклајн лента во Катар, реализираше зимско слеклајн минување на највисокиот водопад на Балтикот и уште многу други проекти и предизвици.

Со овој проект Jaan Roose уште еднаш докажа и покажа дека е вистинскиот човек за реализирање нови историски подвизи од кои застанува здив.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни